ЧПП
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА (ЧПП)
Ако планирате да го управувате бродот самостојно, ќе ви биде потребна валидна дозвола за управување со пловило, соодветна на типот и големината на бродот. Оваа дозвола мора да биде признаена од државата каде што се одвива чартерот. Во повеќето случаи, тоа значи меѓународна дозвола (на пр. ICC – International Certificate of Competence), заедно со сертификат за VHF радио.
Во случај да немате дозвола или не сакате да се грижите за навигација, можеме да ви обезбедиме професионален скипер. Тој е обучен да се грижи за безбедноста, навигацијата и управувањето со бродот, додека вие уживате без грижи.
Изборот на брод зависи од тоа каков тип на искуство го барате и со кого патувате. Доколку сте љубител на авантура, природа и вистинско пловење, тогаш класична едрилица (sailing boat) е совршен избор. Нуди автентично доживување на море, со можност за пловење со ветер, каде што навигацијата станува дел од авантурата.
Катамараните, пак, се одличен избор за семејства или групи пријатели кои бараат комфор, стабилност и повеќе простор. Со два трупа и голема палуба, тие нудат поголема приватност меѓу кабините и се погодни за мирно уживање во заливите и долги престои на сидро.
Ако преферирате традиција со нота на луксуз, гулетите се прекрасен избор. Тие се дрвени бродови, најчесто со екипаж, погодни за релаксиран одмор со оброци, домашна атмосфера и удобно патување низ заливите.
За оние што сакаат максимален комфор и услуга од висок ранг, луксузните јахти нудат персонализирано искуство, целосно посветен екипаж и сите модерни удобности. Погодни се за корпоративни настани, прослави или едноставно за безгрижен луксузен одмор на море.
Во моментот, сите бродови што ги нудиме преку KARPASAILING се изнајмуваат како целина – т.е. цел брод е на ваше располагање, без оглед на тоа колку патници ќе се качат. Ова значи дека нема можност за изнајмување само една кабина (како кај крузерите).
Овој модел на изнајмување нуди целосна приватност, поголема флексибилност во планирање на рутата и можност самите да ја креирате атмосферата и динамиката на патувањето. Доколку патувате во помала група, секогаш можете да ги поделите трошоците со пријатели или семејство и на тој начин да уживате во приватна чартер авантура по достапна цена.
Да, цените објавени на нашата веб-страница се пресметани за период од една недела, со типичен распоред од сабота попладне (check-in) до следната сабота наутро (check-out). Овој модел е стандард во чартер индустријата и овозможува оптимално организирање на логистиката, чистењето и смените на екипажот и клиентите.
Ако ви е потребно пократко или подолго изнајмување, ние сме флексибилни и можеме да ви понудиме алтернативи во пред- и пост-сезона.
Во основната цена на чартерот се вклучени: изнајмување на бродот за наведениот период, целосно опремена кујна и кабини со чаршави и пешкири, стандардна опрема за навигација и безбедност, финален технички преглед, пристанишна такса за првата и последната ноќ (во базната марина), помошен чамец (тендер), и поддршка од наша страна пред и за време на патувањето.
Во цената не се вклучени: гориво (се плаќа според реалната потрошувачка), крајно чистење (најчесто се наплатува фиксно на лице место), туристичка такса по лице/ден (варира по држава), скипер, хостеса или готвач ако ги побарате, храна и пијалаци (освен ако не е договорен пакет), дополнителна опрема (SUP даски, Wi-Fi, сигурносна мрежа и др.), како и пристанишни такси надвор од базната марина.
Цената на горивото зависи од типот на бродот и колку ќе се користи моторот. За едрилици и катамарани, трошокот обично се движи од 100 до 200 евра за цела недела, ако најчесто се користат едра. За моторни бродови, трошокот е значително повисок. Потрошеното гориво се пресметува при враќање на бродот, според реално наполнетиот резервоар.
Цената за ноќевање во пристаниште варира зависно од големината на бродот, сезоната и локацијата. Во просек, цените се движат од 50 до 250 евра по ноќ. Катамараните често плаќаат повисока такса. Престојот во базната марина за првата и последната ноќ е најчесто вклучен во цената на чартерот. Во Грција пристанувањето во градските пристаништа најчесто не се наплаќа, но во некои градови има цена од 10-20 евра по ноќ
Да, сите бродови што ги нудиме се целосно осигурани. Како гаранција за совесно користење, клиентот остава депозит (во форма на блокирање на кредитна картичка), кој се враќа доколку нема штети. Можно е и плаќање на осигурување кое целосно или делумно го заменува депозитот (damage waiver).
Скиперот е одговорен за навигацијата и безбедноста на бродот, а хостесата се грижи за подготовка на оброци и одржување на заедничките простории. Овие услуги се дополнително наплатуваат и треба да се резервираат однапред. Оброците за екипажот (скипер/хостеса) се ваша обврска. Овие услуги ви овозможуваат комплетно опуштање и максимално искористување на одморот.
Цената на задолжителните и дополнителните услуги што клиентот сака да ги додаде на резервацијата се пресметува врз основа на цената на бродот. Задолжителните услуги како финално чистење, транзит лог, starter pack, такси за ракување или потрошен материјал се секогаш потребни и варираат според бродот и областа.
Дополнителните услуги (понекогаш наречени и екстра услуги – задолжителни или опционални) се наведени на страницата за секој брод. Најчесто се плаќаат на лице место, во готово. Препорачливо е да се резервираат веднаш при потврдување на резервацијата, особено ако станува збор за скипер или хостеса – за да се провери достапноста. Одредени услуги се ограничени со достапност (на пример: early check-in, генакер/спинакер, SUP даска), па затоа е неопходно однапред да се побара потврда од чартер компанијата.
Важна дополнителна услуга е и вонбродскиот мотор за тендер – обично не е вклучен во цената и се наплатува од 80 до 150 евра неделно, зависно од јачината на моторот. Постелнината и пешкирите можат да бидат вклучени во задолжителниот пакет или да се платат дополнително (приближно 15–30 евра по лице). Зависи од од брод до брод.
За луксузни бродови, како јахти или многу големи катамарани (над 25.000 евра неделно), скиперот или екипажот (скипер и хостеса/готвач) најчесто се вклучени во цената. За овие бродови, предвиден е APA – Advance Provisioning Allowance (аванс за набавка).
Тоа е сума што се плаќа однапред и служи за покривање на трошоците за време на изнајмувањето: храна за патниците, гориво, трошоци за пристаништа и марини итн. Обично изнесува од 25 до 35% од цената на бродот.
Дополнително, може да има и други трошоци како финално чистење, мотор за тендер итн. Понекогаш скиперот и хостесата се задолжителни, но не се вклучени во цената и се плаќаат при check-in, најчесто во готово. За вакви резервации можно е однапред да се добијат информации за профилот на екипажот, предлог мени, можна тура и слично.
Типичната пловидба вклучува обиколка на острови или крајбрежна навигација во избраниот регион, со посета на најубавите плажи, заливи и пристаништа.
Доколку се земе скипер, маршрутата се планира заеднички во согласност со желбите на клиентите, но во рамките на безбедносните услови и временските прилики.
Планираната рута секогаш се смета за индикативна и може да се промени во текот на неделата, зависно од ветерот, морето или безбедносни причини. Во просек, за 7-дневна пловидба се предвидуваат околу 100 наутички милји или околу 3 часа пловење дневно. Марините каде се стационирани бродовите се одлична почетна точка и овозможуваат веднаш првиот ден да се стигне до првата дестинација.
Одморот започнува со check-in во сабота попладне кога се качувате на бродот. Првата вечер обично се поминува во марината. Во недела наутро, по појадокот, бродот тргнува според договорената рута.
Секој ден обично се плови 2–3 часа, а потоа се закотвува во залив или се пристанува во друго место. Во текот на денот можете да пливате, нуркате, одморите, ручате на брод и навечер прошетате по копно или посетите ресторан.
Последната вечер (петок) се враќате во базната марина, а во сабота наутро се прави check-out.
Секој брод има максимален број на легла, кои ги вклучуваат леглата во кабините и евентуалните лежаи во дневниот салон. Најчесто има двокреветни кабини (со еден или два одделни кревети) и помали предни кабини за екипажот. Бројот на бањи може да не одговара на бројот на кабини. Кај поновите модели, секоја кабина има своја бања, но тоа не е секогаш правило. Кога се резервира скипер или хостеса, потребно е да се резервира една кабина и ако е можно, посебна бања за нив.
Да, сите бродови се опремени со кујна која содржи фрижидер, мијалник, гасен шпорет, тенџериња и прибор. Обично се подготвува појадок и ручек на брод, додека вечерата може да се јаде на копно.
Можете сами да пазарите во супермаркетот во близина на марината или да нарачате online provisioning (доставен на брод). Препорачливо е да набавите трајни намирници, мали пакувања, зачините и вода. Фрижидерите на бродовите се мали и не се наменети за чување на храна повеќе од 1-2 дена.
Наместо куфер, најдобро е да понесете преклоплива торба. Просторот е ограничен и куферите тешко се складираат.
Облеката треба да биде лесна и практична: костими за капење, шорцеви, маици, дуксери, јакна за ветер/вода, сандали или обувки со бел ѓон, капа и очила за сонце. Понесете и доволно крпи, лична козметика и крема за сончање.
Да, но зависи од опремата на бродот. Брод со генератор овозможува непрекинато полнење. Ако бродот има инвертер, може да се полнат уреди додека моторот работи. Без генератор или инвертер, струја има само додека сте приклучени на струја во марина.
Тоалетите најчесто се со пумпа (рачно или електрично) наместо стандардно пуштање вода. Мијалникот користи вода од резервоар. Штедењето вода е важно бидејќи количината е ограничена. Некои бродови имаат туш во тоалетот, други имаат надворешен туш на палуба. Се користи пумпа за испумпување на водата на подот.
За секој брод се добиваат контакти за 24/7 поддршка. Ако има дефект или итен случај, јавете се на VHF каналот и информирајте ја чартер компанијата. Тие ќе испратат помош што е можно побрзо.
Понесете капа, очила за сонце, заштитна крема, крема или спреј против комарци и гумени обувки. Децата обично уживаат во пловењето – може да се капат, цртаат, играат. Препорачуваме брод со сенка (bimini) и кратки пловидби со интересни дестинации. Можно е да се постави безбедносна мрежа за малите деца (со доплата).
Во повеќето случаи, дозволено е носење на мали до средни миленици со доплата (приближно 150–200 евра или двојна такса за чистење). Потребно е однапред да се најави присуството на животно и да се побара потврда од чартер компанијата. Можно е да се нарача безбедносна мрежа за да се зголеми сигурноста на миленичето.