За Нас

Подоцна ни се приклучи и Марко Саболиќ – ентузијаст за екстремни спортови, скејтер, сноубордер, фотограф и авантурист со остро око за убавината на движењето и светлината. Со него, KarpaSailing доби нова димензија: уметничка, експлозивна и слободољубива. Неговата пасија за визуелна приказна и живот надвор од стереотипот совршено се вклопи во нашата мисија.
Денес, ние тројца – Бојан, Иван и Марко – стоиме заедно зад KarpaSailing. Не како бизнис, туку како повик. Повик кон сите кои сакаат да искусат едрење, да доживеат вистинска слобода на морето, да нурнат, да патуваат и да создадат спомени кои не избледуваат.
KarpaSailing не е само платформа за изнајмување бродови. Тоа е ваше бегство од секојдневието. Тоа е гласот на авантурата што долго ве повикува. Тоа сме ние – и тоа сте вие, кога ќе решите да се качите на палуба.
Добредојдовте на брод.
Вашето море ве чека.
За Нас
Нашата приказна започна длабоко под површината на морето.
Во 1959 година, Томе Михајловски – пионер на нуркањето во тогашна Југославија – го основа нуркачкиот клуб „Корали“. Неговата љубов кон длабочините и животот во близина на водата инспирираше генерации ентузијасти, создавајќи заедница која ја слави природата, дисциплината и слободата што морето ја носи.
Во 1996 година, ние – Бојан Бошковски и Иван Мирковски – го запознавме Томе. Тоа не беше обично запознавање. Тоа беше прв чекор кон животна одисеја. Со неговите приказни за едрење, за бродот кој бил копија на коритото на Јоже Хорват, за животот поминат подеднакво и над и под површината на Јадранот – Томе нè научи да дишеме за морето. Наскоро станавме дел од Корали, нуркавме, учевме, живеевме за таа тивка авантура.
Во 2005 година, во Пула, станавме и инструктори по нуркање. Но сликата на едрилицата, што сече преку хоризонтот додека заоѓа сонцето, никогаш не нè напушти.
Во 2007 година се роди Karpasailing – прво како идеја, потоа како мала едрилица Catalina 22 на Охридското езеро, а наскоро и како вистински бродски патоказ низ Јадранот, Егејот, Јонското море, Сардинија, Сицилија – па дури и Карибите. Од секој залив носевме нова приказна. Од секоја бура – нова лекција. Од секој залез – нова инспирација.
Нашиот Тим

Бојан Бошковски

Иван Мирковски
